Националниот џез оркестар го одложи концертот кој требаше да се одржи на 25 март во Националната опера и балет поради пожарот во дискотеката во Кочани и седумдневната жалост.
Како гостинка беше најавена Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија.
И камерниот оркестар „Профундис“ (фото) го одложи својот концерт под свеќи кој требаше да се одржи на 22 март во Филхармонијата. Како гостин требаше да настапи младиот српски челист Петар Пејчиќ.
Одложен е и седмиот традиционален концерт посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“, кој требаше да се одржи во Битола на 22 март, објави Камерниот оркестар на Битола. Оркестарот требаше да ги свири најголемите хитови на Тоше заедно со гости солисти.