Режисерот Стивен Спилберг изјави дека следниот актер кој ќе го игра ликот на авантуристот Индијана Џонс ќе биде жена и тој дури ѝ избрал и име.
„Ќе треба да го смениме името од Џонс во Џоан“, изјави оскаровецот за „Сан“, додавајќи:
„И нема да има ништо лошо во тоа”.
По излегувањето на „Играч број 1“, Спилберг го најави петтиот филм од серијалот Индијана Џонс како негов следен проект, во којшто за последен пат ќе глуми 75-годишниот Харисон Форд.
Џорџ Лукас ќе биде продуцент, а Џон Вилијамс повторно ќе ја компонира музиката.
Снимањето ќе започне следниот април, а премерата се најавува во 2020 година.