ШКОЛИТЕ ВО ШПАНИЈА ЌЕ БИДАТ ЗАКОНСКИ ОБВРЗАНИ ДА СЛУЖАТ ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И РИБА ВО ОБРОЦИТЕ

Мадрид, (Гардијан)

Сите школи во Шпанија ќе бидат законски обврзани да служат овошје и зеленчук во оброците, како и риба еднаш неделно, според новите правила чија цел е да се намали количеството пржена и нездрава храна за децата. Правилата потврдени со кралски указ оваа недела исто така ќе ги принудат училиштата да нудат вегетаријански и вегански оброци.

Иако Шпанија е позната по медитеранската исхрана, едно истражување од 2019 покажа дека повеќе од 40% шпански деца од шест до девет години имаат над препорачаната тежина, а 17,3% се сметаат за дебели.

Истражување на шпанската Национална агенција за храна од 2023 откри дека 37% од училиштата служат само две или помалку порции свеж зеленчук неделно, а многу од нив служат повеќе од препорачаниот максимум од две порции пржена храна. Исто така, 1.200 училишта никогаш не служеле риба.

Според новите закони, најмалку 45% овошје и зеленчук што се служат мора да бидат сезонски и по можност од локално производство, а 5% треба да бидат означени како органски. Школите веќе нема да можат служат пијалаци со повеќе од 5% шеќер и ќе има ограничувања на процентот на кофеин, масти и сол во храната“, изјави министерот за потрошувачки и социјални прашања Пабло Бустиндуј.