Британската актерка Елизабет Харли на Инстаграм објави дека е во врска со славниот американски кантри пејач и композитор Били Реј Сајрус. Харли и Сајрус, кој е татко на поп ѕвездата Мајли Сајрус, глумеа заедно во филмот „Божиќ во рајот“ од 2022.

Сајрус се раздели од неговата втора сопруга, австралиската музичарка Џоана Рози Хоџс, во јуни 2024, една година откако се венчаа. Претходно, 28 години беше во брак со Тиш Сајрус, од која се разведе во 2022. Имаат пет деца, меѓу кои и ќерката Мајли.
Харли има 23-годишен син од бракот со британскиот актер Хју Грант. Харли и Грант се разведоа во 2010 по десет години брак.
(Фото: Гети)