РЕЦИТАЛ НА ТУБИСТОТ МИЦКО ДАМЊАНОВСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Тубистот Мицко Дамњановски ќе одржи рецитал на 28 април од 19:19 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
„Сцената ќе ја делам со извонредни музичари и драги луѓе. Пред сѐ, со мојата почитувана колешка, пријателка и професорка Маријана Николовска, моја соработничка на пијано, како и со моите ценети колеги од ‘Македонски брас квинтет‘“, вели Дамњановски, кој најавува изненадување за публиката на крајот на концертот.
Влезот е слободен.