Уметност, технологија и природа се спојуваат во нов мултисензорен музеј во Абу Даби, дизајниран од уметничкиот колектив „ТимЛаб“ и локалното архитектонско студио „МЗ“. Сместен во културниот округ Садијат, огромната бела зграда има аморфен облик што тешко може да се дефинира.
Белата фасада е составена од огромен број панели, од кои нема две слични, што придонесува за органското и асиметрично чувство за зградата од 17.000 квадратни метри.

Наспроти светло белата надворешност, внатре е мрачно за да можат сетилата да се прилагодат на колекцијата од 25 изложби со дигитална уметност.
Музејот е поделен на две зони: сува и влажна. Во многу суви области, подот со експонатите се бранува, бидејќи, како што велат од „ТимЛаб“, нашите стапала не се рамни и се посоодветни за одење по органски форми отколку рамна површина. Во влажните зони, чевлите и чорапите се соблекуваат, а панталоните се подвиткуваат зашто гостите се движат низ плитка вода.

Движењето низ музејот е искуство само по себе. Светлосните проекции на подот и ѕидовите реагираат на вашите движења и присуство, а допирањето на инсталациите изгледа разиграно и поттикнува размислување.
(Фото: ТимЛаб)