НАД ДВА МИЛИОНА ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА НА КОПАКАБАНА ВО РИО

Рио де Жанеиро, (Би-Би-Си)

Повеќе од два милиона луѓе присуствуваа на концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро. Најголемиот концерт во кариерата на поп-ѕвездата беше платен од градот во обид да се даде поттик на економијата на Рио. Се проценуваше дека локалната економија би можела да заработи 100 милиони долари.

Концертот беше платен од градот (Фото: Гети)

Настапот беше дел од турнајата на Лејди Гага, на која го промовира својот осми албум. Таа последен пат пеела во Бразил во 2012.

Настанот го обезбедуваа 5.000 полицајци и сите посетители мораа да поминат низ детектор за метал, а биле користени и дронови и камери за препознавање лица.

Лани на истата локација настапи Мадона, што исто така беше платено од градот.

(Фото: АП)