ШАКИРА ОДРЖА БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ ПРЕД 2 МИЛИОНА ПУБЛИКА НА КОПАКАБАНА

Рио де Жанеиро, (АП)

Колумбиската ѕвезда Шакира одржа бесплатен концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро на 2 мај, настан за кој градоначалникот изјави дека привлекол 2 милиони луѓе на една од најпознатите плажи во светот.

Пред Шакира, слични концерти одржаа Мадона во 2024 година и Леди Гага лани, на кои исто така имаше огромен број публика кои танцуваа на широките песочни површини.

(Фото: АП)

Концертот ова беше дел од нејзината светска турнеја „Жените повеќе не плачат“, именувана по нејзиниот албум од 2024. Шакира во 2022 се раздели од шпанскиот фудбалер Жерар Пике.

„Ние жените, секој пат кога паѓаме, стануваме малку помудри“, рече пејачката на концертот.

Мегазвездата со носталгија зборуваше за првиот пат кога дошла во Бразил, пред околу три децении.

„Дојдов тука кога имав 18 години, сонувајќи дека ќе пеам за вас“, ѝ рече Шакира на публиката набргу по излегувањето на сцената. „А сега погледнете го ова. Животот е магичен“.

(Фото: АП)