На 14 јуни на летната сцена на Домот на млади во Штип, ќе се одржи фестивалот на хип-хоп музика и урбани култури „Од А до Штип”. Настанот ќе биде целодневен. Започнува во 13 часот и ќе продолжи до вечерта.
Ова е трето издание на фестивалот кој се одржува 33 години по првата хип-хоп забава во Домот на млади во Штип.
Настапуваат диџеите ЛД Пистолеро, Страјк, Гоце, Кртот, Аце КН од од Скопје, С.А.М. од Тетово, како и гостите од Србија Параноја и Аусландер од Ниш и ПРТИ БЕЕ ГЕЕ од Белград.
Влезниците се во претпродажба по цена од 300 денари, на tickets.domnamladi.mk, а на денот на фестивалот ќе чинат 500 денари.