Од 16 мај до денес (18 мај) Крушево беше домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам „МТБ Маратон“, во организација на Велосипедската федерација на Македонија и велосипедскиот клуб „Енерџи сајклинг“.
Настанот беше отворен за натпреварувачи и рекреативци од целиот Балкан.
„Патеките беа предизвикувачки, но одлично обележани, а природата околу Крушево е неверојатна. Ми се допадна атмосферата и ќе возам пак следната година“, рече еден од учесниците.
„Настанот е со цел да ја промовира локалната природа, култура и историја, да ја подигне еколошката свест и да го поттикне велосипедизмот како спорт и рекреација. Натпреварувачите кои се пласираа во генералниот пласман освоија УЦИ поени и се најдоа на светската ранг-листа на Светската велосипедска федерација“, рече Љубиша Кондев од клубот „Енерџи сајклинг“.
Организаторите велат дека маратонот се одржал на повеќе од 40 километри уредени патеки со различен степен на тежина.