КОНЦЕРТИ НА ТАМАРА, КАРОЛИНА И СУЗАНА СПАСОВСКА НА ПЛОШТАДОТ ВО ВАЛАНДОВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тамара Тодевска (фото) ќе одржи концерт на плоштадот во Валандово утревечер (23 мај) од 21 часот. По неа, следи концерт на Сузана Спасовска, која е првенка во ансамблот на „Танец“, а пред Тамара ќе свири „Болеро бенд“.

Концертите ги организира Општина Валандово и се во рамките на 38. Фолк фест Валандово. На 24 мај на плоштадот во Валдоново ќе настапи Каролина Гочева, заедно со раперот Тајзи и дуото „Ике де Кока“.

Финалната вечер на Фолк фест Валандово ќе се одржи на 25 мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“ од 20:30 часот. Песните ќе бидат во духот на македонската народна музика, а пејачите ќе настапат со голем оркестар. Дел од нив се Драган Мијалковски, Ефто Пупиноски, Смиља Митровска, Благоја Грујовски, Благој Маротов и Блага Петреска.