Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје, во Филхармонијата на 13 декември.
Бојана Скендеровски, претходно Атанасовска, публиката ја запозна преку музичкото талент шоу „Плеј – потрага по ѕвезда“ на продуцентската куќа „М2“ во 2002. Следната година победи на Макфест со песната „Немам одбрана“.
„Дома“ е првата песна од новиот албум што таа го работи со продуцентот Николче Мицевски и наскоро треба да се промовира. Мицевски е автор на музиката и на аранжманот за песната, а Бојана заедно со раперот Таско го напиша текстот.
„Песната им ја посветувам на сите оние кои заминаа, но и на сите нас кои останавме дома и ги мислиме, ама сите заедно ја носиме Македонија во душа“, ни рече поп-пејачката.