Чалгискиот состав Филип Шурбевски со „Езгија квартет“ го отвора 40. издание на Штипското културно лето денеска (24 јуни) во уметничката галерија „Безистен“ во 20:30 часот.
„Со звукот на музичката чалгија ќе бидат застапени македонски песни и ора кои се традиционални и веруваме дека ќе бидат прифатени од штипската публика, уште повеќе што концертот ќе биде во еден идеален акустичен амбиент“, велат организаторите.
Според програмата, од 24 јуни до 30 јули ќе има 35 програмски содржини, кои ќе се одржуваат на повеќе локации во Штип. Покрај концерти, ќе има и театарски претстави и изложби.
Крајот на манифестацијата е посветен на естрадните уметници од Штип, па на 25 јули со староградски песни ќе настапи составот „Распеани штипјани“, три дена подоцна ќе настапи Градскиот хор на Штип, а 30 јули е резервиран за ансамблот „Штипјани“.
Целата манифестација финансиски и технички е поддржана од Општина Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ