„ДУПЕР“ НА МИНИТУРНЕЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуото „Дупер“ најави минитурнеја низ Македонија, со четири концерти во ноември и декември.

Турнејата ќе започне на 20 ноември во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, а следниот ден ќе настапат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

На 28 ноември е закажан концерт во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а последниот концерт ќе се одржи на 5 декември во Центарот за култура во Битола.

„Четири градови, четири концерти и многу добра музика во живо“, најавија организаторите, продукцијата „Прагма“.

„Дупер“ го сочинуваат Борис Какуринов и Илчо Нечовски. Летово одржа два поголеми концерта на отворено, во Хераклеја во Битола и во Античкиот театар во Охрид.