Пијанистката Дуња Иванова денеска напладне на Плоштад Македонија го почна тричасовниот пијано перформанс ,,Наминување“.
Во следните часови, Иванова ќе изведе дела на истакнати современи автори, меѓу кои Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, Коен и „Битлс“.
„Ваквата форма на прием на современиот звук на пијано е со единствена намера квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се, всушност, неподготвени за неа. Наспроти конвенционалниот начин на следење на солистички концерти за пијано, кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма и слично, овој настан ги пречекува слушателите за време на паузата за ручек или додека траат работните обврски, после или пред училиште, на патот до чевларницата или пазарот, во секојдневната брканица“, вели пијанистката.
Настанот е поддржан од Град Скопје.