КАНАДА ПОЧНА КАМПАЊА ЗА ДЕКРИМИНАЛИЗИРАЊЕ НА СИТЕ ДРОГИ

Торонто, (Гардијан)

Неколку месеци пред Канада да стане првата членка на Г7 која целосно ќе ја легализира марихуаната, членови на Либералната партија, на чие чело е премиерот Џастин Трудо, ја повикаа владата да отиде чекор понапред и да декриминализира поседување и употреба на сите недозволени дроги.

Тоа е една од оние работи на кои нѐ учат од најрана возраст, дека дрогата е лоша и нормално е што луѓе се затвораат поради употреба на дрога. Но, кога ќе ги слушнете искуствата на луѓето кои го проучувале или живееле тоа, тогаш тоа не е вистинскиот пристап“, изјави пратеникот од Либералната партија, Натаниел Ерскин-Смит.

Означувањето на користењето на дрога како криминално, а не здравствено прашање само му помага на црниот пазар и ги маргинализира оние кои најчесто се веќе на маргините на опшеството, додава тој.

Повиците за декриминализација уследија додека опиоидната криза продолжува да зема животи во цела Северна Америка. Минатата година, само во Канада починале околу 4.000 луѓе поради употреба на опиоиди, повеќе од вкупната бројка убиства и загинати во сообраќајни несреќи. Само во Британска Колумбија во просек имало четири случаи на предозирање дневно.

Целосната декриминализација на дроги даде позитивни резултати во Португалија, кадешто потоа се намали бројката на трагични предозирања и на нови ХИВ-случаи, како и криминалот поврзан со дрога.