Од денеска (25 јуни) до 27 јуни, Тетово е домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок. На оваа спортска манифестација, која првпат се одржува во Тетово, учествуваат Македонија, Албанија, Косово, Молдавија, Романија и Турција. Натпревари ќе има во машка и женска конкуренција.
Заради одржувањето на овој одбојкарски турнир, Општина Тетово постави терен со песок и монтажна трибина на градскиот плоштад. Натпреварите веќе започнаа, а за вечерва е предвидено официјалното отворање на првенството.
Минатата година во рамките на Тетовското културно лето, на градскиот плоштад се одржа еден натпревар во одбојка на песок.
З. АНДОНОВ