Вечерва (26 јуни) во 20 часот, во „Бифе Татфталиџе“ во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец, насловена „Месечината на љубовта“ (Moon of Love).
Кешќец е роден во 1997 во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 2015, оддел графика, а во истиот оддел дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2020. Од истата година е член на ДЛУМ. Добитник е на наградата „Young Art” за сликарство во Скопје во 2019. Досега имал девет самостојни изложби, учествувал на 11 групни изложби и изработил осум мурали.