Денеска (26 јуни) од 20 часот. во Сули ан ќе се одржи концертот за деца „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“. Настанот е дел од Скопско лето. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе можат да се купат на влезот на Сули ан.
„’Песна за жирафата’ е музичка приказна која преку прекрасната музика на композиторот Хајдн и забавниот и едукативен текст ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите на интересен и креативен начин. Наменета за деца од различна возраст, приказната ќе им ја разбуди љубопитноста за различните бои што ги произведува еден жичан инструмент, како виолината или некој од дувачките инструменти, како флејтата и кларинетот. Толкувајќи го ликот на самиот Хајдн, актерот на забавен и весел начин ќе ги едуцира децата за многуте аспекти од класичната музика и за инструментите кои се користат во нашиот ансамбл“, велат од „Консонас“.