ВЕЛЕШКИОТ АКТЕР ИСИДОР ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА НА ФЕСТИВАЛ ВО СРБИЈА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот од Велешкиот театар Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога на 12. издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија. Тој е награден за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“, во режија на Александар Ивановски.

На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. За фестивалските награди одлучуваше стручното жири Исидора Миниќ – драмска уметница, Зоран Максимовиќ – театролог и Горан Ибрајтер – писател и извршен директор на „Стеријино позорје“ од Нови Сад. За најдобра претстава е избрана „Духот е наша татковина“ на Сpпскиот театар од Унгарија, работена по текст на Данило Киш.

П. ПЕЧКОВ