Вечерва (17 јули) од 20 часот на Скопско лето, во Сули ан ќе се одржи музички перформанс на белгиската танцова група „Инкар“.
„Incar Dansspektakel“ е полупрофесионална танцова група од Лебеке, Источна Фландрија. Постои повеќе од 60 години и се профилираше како постојан белег на фламанскиот културен пејзаж. Во 2023 одбележа 65 години постоење со претставата „IC65“.
Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продавааат и на влезот на Сули ан.