Од 14 до 30 август, во Братиславскиот замок во Словачка ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Пеперутки во душата“ (Butterflies in the Soul).
Македонија годинава ќе биде претставена од двајца уметници: Филип Фидановски со седум скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска со четири слики од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.
Учеството на македонските уметници е со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската амбасада во Братислава и „Архифакт“ од Скопје.