ДУОТО ТОБИ И ДЕЈАН ЈА СНИМИ НОВАТА РОК ПЕСНА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуото Тоби и Дејан ја сними новата рок песна „На зајдисонце“. Ја напиша пејачот Деан Коцевски, а приказната за песната е инспирирана од една негова фотографија направена на зајдисонце во Виена.

„Ова музичко патување започна со една фотографија. Еден сончев декемвриски ден, возејќи низ виенските улици со велосипед, овековечив еден кадар со мојот телефон, момент кој беше искра за создавање на оваа песна.

Инспириран од шармот на Виена, добив идеја да го преточам ритамот на секојдневниот живот во песна“, вели Коцевски.

Тоби и Деан се пријатели повеќе години, а сега формираа и дуо и велат дека работат на нови песни.