Мјузиклот од Бродвеј „Мама миа“ ќе гостува на 18 октомври во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“.
„На сцената ќе видиме 50 уметници, хор, балет и оркестар. Се подготвува спектакл со импресивна сценографија, светлосни ефекти, динамични проекции и раскошни костими. Со повеќе од две децении на Бродвеј, Вест Енд и на другите најпрестижни сцени ширум светот, мјузиклот доаѓа и кај нас“, велат од продукцијата.
Детали за музичарите и уметниците на сцената ќе се објават дополнително.
„Мама миа“ е мјузикл напишан од британскиот драматург Кетрин Џонсон, базиран на песни од шведската група „АББА“ и компониран од нејзините членови Бени Андерсон и Бјерн Улвеус. Насловот на мјузиклот е земен од хитот на групата од 1975, кој беше на врвот на топ-листите. Улвеус и Андерсон биле вклучени во развојот на претставата од самиот почеток, додека пејачката Ани-Фрид Лингстад била вклучена во продукцијата и се појавила на многу премиери низ целиот свет.
Сценариото на мјузиклот е слично како во хит-филмот „Мама миа“. Дома, нејзината ќерка Софи, поранешните момчиња на мајката и идниот сопруга на Софи ќе се најдат на грчки остров.
Билетите се продаваат преку продажната мрежа на Купи карта.
(Фото: Ј. Маркус)