Американскиот актер Ноа Сентинео (29) ќе го глуми младиот Рамбо во најавениот приквел филм. Ова ќе биде прв филм за овој акционен херој без Силвестер Сталоне.
Филм за потеклото на Џон Рамбо првпат беше најавен во почетокот на оваа година и сега го најде својот главен актер. Сајтот „Дедлајн“ објави дека снимањето би требало да почне на почетокот на следната година во Тајланд, а режисер ќе биде Џалмари Хеландер.
Дејството на филмот засега не е познато, но според „Дедлајн“, ќе го прикаже времето на Џон Рамбо во Виетнамската војна, пред настаните од „Рамбо“ (First Blood) од 1982 година.
„Дедлајн“ исто така објави дека Сталоне не е вклучен во проектот на ниеден начин. Тој го сними последниот филм за Рамбо во 2019.
(Фото: Гети)