ФИЛМОТ „АВАНТУРИТЕ НА БИБИ И БОБИ – ВОЛШЕБНАТА ШУМА“ НА 30 АВГУСТ ВО ПАРКОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 28 август од 20 часот, во Реонскиот парк во Ѓорче Петров концерт ќе одржи хрватскиот бенд „Адонаи“ со поп, рок и госпел музика. Концертот е во рамките на манифестацијата Културно лето во Ѓорче Петров.

Следниот ден е вечерта наречена „На свирка во Ѓорче“, при што диџеј сет ќе има Вера Јанковиќ со најголемите светски хитови од 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите и ќе свири рок бендот „Деј оф“.

Викендот е посветен на најмладата публика. На 30 август, децата ќе ги забавуваат уличните баскер уметници, па во Реонскиот парк ќе има проекција на долгометражниот анимиран филм „Авантурите на Биби и Боби – Волшебната шума“.