Петгодишната реставрација на кулата Биг Бен во Лондон вредна 80 милиони фунти е номинирана за водечката награда за архитектура во Велика Британија. Реновираниот Биг Бен, официјално познат како кулата Елизабета, е меѓу шесте номинирани за наградата „Стирлинг“ на Кралскиот институт на британски архитекти.
На листата се наоѓаат и кампусот на Лондонскиот колеџ за мода во поранешниот Олимписки парк и медицинскиот истражувачки центар на „АстраЗенека“ во Кембриџ.
Железничката линија „Елизабета“ во Лондон ја освои престижната награда минатата година. Таа обично се доделува на сосема нова зграда, но може и на големи реновирања.
(Фото: Гети)