СКОПСКА ПРЕМИЕРА НА „ЖИВОТОТ НА ПРОВИНЦИСКИТЕ ПЛЕЈБОИ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА“ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР НА 23 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, ќе ја има скопската премиера на 23 октомври во Драмски театар. Претставата во четири дела е копродукција на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалишче Љубљана и „Град театар“ од Будва.

Премиерата беше на 10 август во рамките на фестивалот „Град театар“ во Будва, каде што имаше четири изведби. Играат актерите од четирите уметнички куќи: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.