Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ќе биде послужен со швајцарски специјалитет на претстојниот секорејски самит, што наводно треба да го потсети на училишните денови.
За Ким се зборува дека студирал во Швајцарија, но ова никогаш официјално не е потврдено од Северна Кореја.
Јадењето што ќе му биде послужено на Ким се вика решти и се состои главно од пржени компири.
На менито на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин ќе биде печена морска риба, како асоцијација на неговиот роден град Бусан.
Средбата што ќе се одржи в петок ќе биде прва од ваков тип од 2007 година.
Владата на Јужна Кореја објави дека продуктите и рецептите што ќе се најдат на менито ќе бидат од двете земји. Тоа вклучува и ладни тестенини, препознатливи за кујната на Северна Кореја и алкохолниот пијалок мунбаеџу.