КОНЦЕРТ ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГРЧКИОТ КОМПОЗИТОР МИКИС ТЕОДОРАКИС НА 8 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 8 октомври во Националната опера и балет ќе се одржи концерт по повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис, објави „Баги комуникации“.

Тој е автор на музиката за филмовите „Гркот Зорба“ и „Серпико“, а напишал и ораториуми и песни.

Делата на Теодоракис ќе ги изведат грчките музичари Клеоники Демири – вокал, Акилијас Гуастор – пијано, Лефтерис Гривас – хармоника и Димитрис Куфојоргоc – мандолина и бузуки.