„Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“ е насловен вечерашниот концерт од 20 часот во Македонската филхармонија.
Како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музичари денес, виолинистите Анна и Олег Кондратенко.
За првпат во Македонија, брачната двојка во иста вечер ќе ги изведе истоимените дела „Четири годишни времиња“ од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.
„Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка“, најавува Филхармонијата.