ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО СТУДЕНТИТЕ ОД СКОПЈЕ И ШТИП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип утре (7 октомври) од 20 часот во малата сала на Филхармонијата.

Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат“, велат од Националниот џез оркестар.

Влезот на концертот е слободен. 

НЏО на 1 октомври одржа концерт со американскиот џез гитарист, композитор и продуцент Курт Розенвинкел во Скопје (фото).

Фото: М. Аргакијева