Поп-пејачката Симона Поповска ја сними песната „Бели ноќи“. Текстот го напиша Робин Зимбаков, а музиката и аранжманот се на Панче Касапски.
Поповска за оваа песна сними и спот кој го режираа Крсте Шупев и Стефан Петровски. „Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи.
Во 2023, на Макфест во Штип Симона Попоска ја испеа песната „Бакни ме за крај“, која ја посвети на жените кои се жртви на семејно насилство. Автор на песната е Горјан Стојановски.