„ЗАБРАНЕТО“, НОВА ПЕСНА НА МАРИЈА СПАСОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Забрането“ е новата песна на младата поп-пејачката Марија Спасовска, која ја промовираше на 5 октомври, кога е нејзиниот роденден. Автор на музиката и стиховите е таа, а аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо. За песната е снимен и видеоспот во режија на Томислав Живковиќ.

Спасовска, која студира во Солун, летоска ја преработи македонската народна песна „Ја излезе стара мајко“ во рамките на проектот „Македонијо, во срце те носиме“. Автор на новиот аранжман е Никола Мицевски.