САШКА КОЛЕСКА Е ШАМПИОНКА НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКИ ТАНЦИ ВО СРБИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танчарката Сашка Колеска ја освои шампионската титула во латиноамерикански танци на Балканското првенство во спортски танци, кое се одржа во Златибор, Србија. Ана Колевска го освои златниот медал во својата возрасна група јуниор 1.

Настапија повеќе македонски спортски танчари од неколку клубови, а во највозрасната категорија, две македонски претставнички од ТСК „Ритам плус“ се пласираа во финалето, Мила Димовски и Сашка Колеска (фото).

„Вистинска сензација приреди Сашка Колеска, која ја освои титулата балкански шампион во соло категорија латиноамерикасни танци, станувајќи првата македонска балканска шампионка во оваа категорија. Ова е воедно и првото балканско првенство одржано под покровителство на Светската спортска танцова федерација. Македонската делегација се враќа од Златибор со две титули и полуфиналиња во повеќе категории. Македонија ја претставуваа натпреварувачки од клубовите ‘Степ ап’, ‘Бранимир и Бранкица’, ‘Динамик Куманово’, ‘Прима данца’ и ‘Ритам плус’“, велат од „Ритам плус“.