ЖЕНСКИОТ МЛАДИНСКИ ХОР ПРИ МКЦ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Женскиот младински хор при Младински културен центар (МКЦ), под водство на маестро Сашо Татарчевски, освои прва награда на Интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. Во јуни годинава, хорот освои Гран при награда во Бугарија.

На фестивалот во Херцег Нови настапија 29 хорови од повеќе европски земји, од кои 24 беа во натпреварувачкиот дел. Македонскиот хор се претстави на три фестивалски сцени.

Освен првата награда за хорот, Татарчевски ја доби специјалната награда од жирито за најдобар диригент на фестивалот.