Утре (25 октомври) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Втори. Втората изведба е на 28 октомври од 20 часот.
Ќе диригира Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Дизајнер на светло е Милчо Александров.
Настапуваат Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска-Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на НОБ.
„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус Втори, создадено во 1874 година. Оперетата е комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали.
Фото: В. Хосл