Битолскиот народен театар ќе го слави 81. роденден со 11. издание на „Битола Шекспир фестивалот“, кој вообичаено се одржуваше во лето, а годинава ќе биде од 14 до 21 ноември.
Фестивалот ќе се отвори со премиера на претставата „Макбет” во изведба на Народниот театар Битола. Во следните седум фестивалски дена ќе следуваат седум претстави според дела од Вилијам Шекспир во интернационален театарски дух и со врвни продукции. Гости ќе бидат театри од Македонија, Полска, САД, Хрватска, Англија и Бугарија.
Влезниците за премиерата на 14 ноември на отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни, но со претходна резервација.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
Фото: Сцена од мексиканската претстава „Хенри Четврти“