„БЕГАЛКА“ НА СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР ГО ОТВОРА 23. ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Од вечерва (15 септемви) до 24 септември ќе се одржува 23. издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. На програмата се шест претстави, од кои една е за затворање на фестивалот, во чест на добитниците на наградите. Две од претставите се од Србија и Италија.

Фестивалот се отвора со „Бегалка“ во режија на Дамјан Димовски, продукција на Струмичкиот театар (фото), на 16 септември е „Претходно“ на Театарот од Сицилија, на 21 септември е копродукцијата на Велешки, Штипски и Кумановски театар, „Годо“, за 22 септември е најавена „Падот на Масада“ на Драмски театар од Скопје и на 23 септември е гостувањето на театарот од Зрењанин со претставата „Лисистрата“.

Затворањето на фестивалот е на 24 септември со претставата „Сите прекрасни нешта“ на Штипскиот театар.

Претседателка на жирито кое ќе одлучува за најдобра претстава, режија и машка и женска главна ролја е Весна Бобевска, а членови се актерите Кети Борисовска и Пеце Ристевски.

П. ПЕЧКОВ

Фото: Театар „Антон Панов“ од Струмица