„ФОЛТИН“ ГО РАЗИГРА ДИМИТРОВ НА 49. РОДЕНДЕН НА МНР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Фолтин“ го разигра министерот за надворешни работи Никола Димитров на роденденската прослава на МНР.

Министерот Никола Димитров со амбасадорите на САД и Велика Британија, Џес Бејли и Чарлс Гарет (Фото: М. Златевска)

Во Музејот на современа уметност, вечерва Министерството, во присуство на дипломатскиот кор, поранешни амбасадори, вработени во МНР и други гости, го прослави 49. роденден.

Гостите ги забавуваше групата „Фолтин“, на чии песни, заедно со гостите, заигра и министерот Димитров.

Димитров со поранешните министри за надворешни работи Александар Димитров и Илинка Митрева (Фото: М. Златевска)

„На 29 април 1969 година било формирано Бирото за односи со странство, кое со текот на годините стана денешното Министестерство за надворешни работи. Иако релативно кус, нашиот историјат е, сепак, многу значаен. Пред точно една година, нашата демократија беше пред бездна, оставена во незавидна позиција. За помалку од една година успеавме да го вратиме меѓународниот имиџ на земјата. Македонија ја претворивме во земја која асоцира надеж и можности, која го привлекува вниманието со добри вести“, рече Димитров во своето обраќање пред гостите.

Холандскиот амбасадот Воутер Пломп и амбасадорот на Шпанија Емилио Лоренцо Сера (Фото: М. Златевска)

 

А. АНТЕВСКА