ФИРМАТА ЗА ГИТАРИ ГИБСОН ПОД ЗАШТИТА ОД БАНКРОТ

Нешвил, (Би-Би-Си)

Гибсон, на чии електрични гитари свиреа ѕвездите како што се Елвис Присли, Кит Ричардс и Џими Пејџ, поднесе барање за заштита од банкрот поради долг од 500 милиони долари.

Кредиторите ќе ја преземат контролата на компанијата од Нешвил, која беше основана во 1894 година.
Таа се спои со аудио дивизијата на Филипс пред четири години за 135 милиони долари, што се покажа како лоша зделка. Гибсон ќе го затвори тој дел од бизнисот и ќе се фокусира на музички инструменти.

Хенри Јушекович, главен извршен директор на Гибсон, кој ја купи компанијата во 1986 година со заштитата од банкрот се надева дека ќе обезбеди долгорочна стабилност и финансиско заздравување на компанијата. Тој планира да го затвори делот за аудио продукти, кои вклучуваат слушалки, грамофони и звучници.

Гитаристот на „Ролинг стоунс„ Кит Ричардс е една од ѕвездите кои свират на гитарите на Гибсон (Фото: Гети)

Електричните гитари компанијата ги произведува во Нешвил и Мемфис, додека акустичните гитари ги произведува во Бозман, Монтана.  Таа продава над 170.000 гитари годишно во над 80 земји, а продажбата на електрични гитари се зголеми за над 10 проценти на 122 милиони долари за дванаесет месеци до јануари.

Компанијата зела заем од „Силвер поинт капитал“ и од „ Мелоди капитал партнерс“, кои ќе имаат удел во Гибсон. Компанијата планира од заштитата од банкрот да излезе на 24 септември.