РУСКАТА ПИЈАНИСТКА ГАМАЗДА И ТУРСКАТА ПЕЈАЧКА ГАМЗЕ МАТРАЏИ МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ МУЗИКА ОД СВЕТОТ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Турската пејачка со македонско потекло Гамзе Матраџи, руската пијанистка Гамазда (фото) и други музичари од Европа ќе гостуваат на 17. издание на фестивалот Музика од светот, што ќе се одржува од 27 ноември до 1 декември во Центарот за култура во Битола.

Директорот Сашо Илковски кажа дека за време на петте фестивалски денови Битола ќе биде центар за средба на различни култури, јазици и звуци со една цел, да се прикаже музиката како универзален јазик на човештвото. Оттаму и мотото „Уметноста на звукот“.

Сите главни настани ќе се одржуваат во Големата сала во Центарот за култура од 20 часот. Фестивалот започнува со концерт на битолската група „Фонтана“ со Гамзе Матраџи, пејачка од Измир со семејни корени од Велес. Матраџи пее на повеќе јазици. ̀ балкански.

Следниот ден настапува Тања Царовска со Камерниот оркестар на Битола, а на 29 ноември гостуваат хрватската група „Балкан Зу“ и Нина Чориќ со балканскиот мелос, со посебен акцент на ромската песна. На 30 ноември доаѓа грчката група „Коза мостра“, која во 2013 ја претставуваше Грција на Евровизија.

Како последен настан на 1 декември е концертот на Александра Кузнецова-Гамазда, руска пијанистка со уникатен стил, која ќе свири рок-класици од 1980-тите, 1990-тите и 2000-тите. 

Во придружната програма, на 29 ноември во КИЦ ќе настапи битолскиот гитарист Јован Милошевски, кој живее во Шпанија. Концертот е насловен „Мајчин јазик“ и е комбинација на балкански фолклор со акцент на македонската музика. На 30 ноември настапува битолската група „Ирапшн“ со песни од „Дорс“.

Ж. ЗДРАВКОВСКА