- Актерката Ејми Шумер и нејзиниот сопруг, Крис Фишер (45), се разделија по повеќе од седум години брак.
44-годишната Шумер ја објави веста на Инстаграм заедно со фотографија со сопругот и нивниот син.
„Крис и јас донесовме тешка одлука да го завршиме нашиот брак по 7 години“, напиша комичарката. „Се сакаме многу и ќе продолжиме да се фокусираме на воспитувањето на нашиот син. Важно ни е луѓето да ја почитуваат нашата приватност во овој момент. Семејство засекогаш“, напиша актерката.
Двојката е во брак од февруари 2018, а заедно беа од 2017. Тие го имаат синот Џин, кој се роди во мај во 2019.
Пред една недела, актерката објави дека таа и Крис Фишер се сè уште во брак.
За „Пипл“, извор близок до двојката рече дека се разделиле пријателски и „финализираат неколку работи.“