ТУРСКИОТ ДИЏЕЈ МАХУТ ОРХАН СО НАСТАП ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (26 декември), од 19 часот во салата „Борис Трајковски“, во Скопје настапува познатиот турски диџеј  Махмут Орхан.

Тој е препознатлив по спој на електронска музика и ориентални мотиви. Орхан настапил на повеќе познати светски фестивали и сали.

„За македонската публика се подготвува специјална сцена, придружена со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти за аудио-визуелно доживување, какво што ретко се гледа на домашната сцена. Со овој концерт сакаме да подигнеме нови стандарди за големи музички настани кај нас“, велат организаторите, „Мјузик ритуалс“. Билетите се продаваат преку мрежата на „Мк Тикетс“.