Од утре (26 декември) до 30 декември во Велес ќе се одржува Зимскиот фестивал со програма за сите возрасти. Фестивалот ќе се одржи во Младински парк, а мотото е „Велес-магијата почнува дома“.
Децата ќе го пречекаат Дедо Мраз на 28 декември во 13 часот.
На 26 декември од 17 часот настапуваат децата од фестивалот Детски ѕвончиња, а веднаш потоа е настапот на балетското студио „Анабела“. По нив е најавена забава со детските јунаци Мини и Мики. На 28 декември во 12 часот ќе се игра детската престстава „Заспаната долина“, а од 17 часот децата ќе гледат шоу со магионичар.
За возрасните забавата почнува на 26 декември од 20.30 часот со диџеј Флексифи, на 27 декември од 18.45 е диџеј Попај а потоа ќе пее Нина Јанева. На 28 декември од 18.30 настапува диџеј Александар Јорданов, а веднаш по него групата „Ај кју“ (фото). На 29 декември од 19.30 е концертот на велешанката Валерија Шојлевска, а од 21 чсот настапува диџеј Орбитал. На 30 декември од 18.30 часот е диџеј Лука Петров, а од 20.45 групата „Саутпарк“. На 27 декември од 12 часот.е настапот на детскиот хор „Св.Кирил и Методиј.“
Сите денови ќе има и базар на рачни изработки на ракотворци од Велес кои ќе бидат поставени во Младинскиот парк. Ќе бидат отворени и куќарките кои ќе продаваат храна, греано вино и греана ракија.
П.ПЕЧКОВ