„ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ НА 26 ФЕВРУАРИ ПОД МОТОТО „АПСОЛУТНА ВЛАСТ – АПСОЛУТНА ЗАБАВА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дваесет и деветтото издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Тимот на радио „Буба мара“, кое е организатор на популарното шоу, во свој духовит стил го најави настанот.

„Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација сатирично и музички ќе ја раскаже изминатата 2025 година заедно со најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот. 72 часа пред 2 јануари пуштени се во продажба билетите за 29. ‘Златна бубамара‘ преку МК тикетс и карти мк. Од 3 јануари и ‘аналогно’ во цвеќарницата ‘Розе Веро 2’. Препорака: ‘Не возете брзо, побрзо купете карти!“, велат од тимот на „Златна бубамара“.

На шоуто ќе бидат наградени најпопуларните уметници и спортисти за 2025. Сценариото, како и секоја година, се држи во тајност.