КОРЕЈСКИОТ БЕНД „БИ-ТИ-ЕС“ НАЈАВИ СВЕТСКА ТУРНЕЈА ПО ЧЕТИРИГОДИШНАТА ПАУЗА, СЕ ОЧЕКУВА ЗАРАБОТКА ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

Јужна Кореја, (Би-Би-Си)

Тинејџерската атракција од Јужна Кореја „Би-Ти-Ес“ најави светска турнеја со 79 настапи низ целиот свет, што го означува нивното враќање на сцената по четиригодишна пауза. Со концерти во Лондон, Токио, Минхен, Сиднеј и Лос Анџелес, ова веројатно ќе биде една од најголемите турнеи во годината, особено затоа што бендот не пеел надвор од САД и Јужна Кореја од 2019.

Нивната претходна турнеја постави рекорди за поп бенд, заработувајќи околу 246 милиони долари на глобално ниво. „Би-Ти-Ес“ стана првиот корејски бенд кој настапувил на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Најновото патување на бендот околу светот ќе започне со три концерти на стадионот „Гојанг“ во Јужна Кореја на 9 април 2026, пред да тргне низ Азија, Европа и Америка. Групата ќе настапува на кружна сцена од 360 степени. Според „Билборд“, турнејата ќе донесе заработка од повеќе од една милијарда долари.

Формирана на почетокот на 2010-тите, „Би-Ти-Ес“ стана многу популарна на запад со својата енергична мешавина од елегантен денс поп и хип-хоп. Возбудата за нивното враќање расте уште од јуни, откако последниот од седутемина членови се врати од војска.

(Фото: Гети)