АРХИТЕКТОНСКА ИЗЛОЖБА ЗА СКОПСКИТЕ ВИСОКОКАТНИЦИ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Изложбата на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ на автори: Д-р. Јован Ивановски, д.и.а., Д-р. Ана Ивановска Дескова, д.и.а., Владимир Десков, д.и.а. во организација: Музеј на град Скопје

„Скопските вертикали“ е насловена изложбата на архитектите Јован Ивановски, Ана Ивановска-Дескова и Владимир Десков, која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на Град Скопје.

Авторите велат дека покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект е да се придонесе за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражувани архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при­паѓаат на периодот од 1950 до доцни­те 80-ти години од минатиот век, кој, исто­вр­емено, е и најдинамичен период од историјата на развојот на Скопје.

Целта на истражувањето, кое се содржи од публикација и изложба, е поде­тал­но проучување на архитек­турата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одре­ду­ваат и квалитетите и вредностите што ги поседува.