И покрај смртта на Валентино, на Машката модна недела во Париз имаше успешни ревии од мегабрендовите и од новите таленти.
Се одржаа 36 ревии и 30 презентации, наспроти 37 ревии и 30 презентации во јануари 2025. Како и „Гучи“, „Ботега Венета“ и „Фенди“ во Милано, шпанскиот моден брен „Лоу“ не учествуваше на машката модна недела, избирајќи наместо тоа да претстави заедничка ревија во март.
Париската машка модна недела се одржа во услови на нови закани со царини. Совпаѓајќи се со Светскиот економски форум во Давос, претседателот на САД Доналд Трамп се закани со нови царини за осум европски земји, вклучувајќи ја и Франција. Трапм најави царина од 200% за француското вино и шампањско.
„Луксузните брендови претрпеа удар“, рекоа дел од дизајнерите на Модната недела.

Зад сцената пред неговата ревија, Картик Кумра, основачот на етикетата „Картик Рисрч“ со седиште во Њу Делхи, се осврна на царините од 50% што САД ги воведе врз Индија од 27 август 2025.
„Главната тема тема оваа сезона беа царините. Отворивме продавница во Њујорк три месеци пред царините од 50%. Иако продавницата работи навистина добро, заедничката тема на сите нас од овој бизнис е: ‘Што се случува?“, рече Кумра. Везовите во колекцијата на Кумра беа рачно изработени од занаетчии во Индија.
Фото: Од машката колекција на Диор (Фото: Гети)