„Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ е новата композиција на виолинистката Пламенка Трајковска, за која таа сними и спот.
Автор и изведувач е Пламенка Трајковска со својот квартет во кој свират: Пламенка Трајковска-виолина, Милена Гиевска Андоновска-виолина, Љубица Бошкоска-виола и Александра Јаневска-виолончело.
Квартетот снимаше во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а спотот го снимаше Дејан Маркоски во студиото „Пролајт“. Монтажата на видеоматеријалот ја направи Пламенка Трајковска. Спотот е промовиран на дигиталните музички платформи.
Композицијата „Гласот на патувањето- Балканска песна бр.14“ е дел од најавениот албум „Балканско патување“.
„Делото е напишано за гудачки квартет и се заснова на мелодиска матрица која егзистира во различни варијанти низ регионот и воспоставува дијалог меѓу традиционалното и современото“, вели Трајковска. Таа додава дека албумот „Балканско патување“ е музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони.